СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Јас сум вонземјанин“ – напиша Маск на Твитер

Милијардерот Елон Маск напиша „Јас сум вонземјанин“ во разговор со индискиот претприемач Кунал Шах на социјалните мрежи.

Маск ја напишал таа порака на Твитер, откако Шах претходно се запраша како е можно некој да води истовремено четири компании во вредност од над 500 милијарди долари.

Шах алудираше на фактот дека Маск е централна фигура во „Тесла“, „ПејПал“, „Спејсекс“, „Невралинк“ …

На неочекуваниот одговор на Маск, Шах напиша „ентропијата е потврдена“.

Одговорот на милијардерот, кој е познат по повремени необични објави на Твитер, предизвика стотици коментари, а некои корисници напишаа дека „Маск гради вселенски брод поради тоа, со цел да се врати на својата планета“, пренесува РТ.

Поврзани вести

Стабилизација на извозот и увозот на европски производи во ноември 2020 година

Влатко Зорба

Тим од над 400 научници и експерти, меѓу кои и од Македонија, „заслужен“ за развој на новите иновативни тутунски производи

msp-admin

Huawei го прекинува производството на чипови поради санкциите на САД

msp-admin