Пред да го смисли Твитер, Џек Дорси, лидерот на оваа социјална мрежа, сериозно размислувал да ја напушти технолошката индустрија и да се посвети на сосема друга кариера и да биде моден дизајнер.
Пред Твитер, тој бил само програмер кој жонглирал со многу интереси што ги имал отсекогаш. Тој бил воодушевен од еден од креаторите на фармерки, па дури и посетувал часови по дизајн.
Покрај тоа, Дорси, исто така, бил заинтересиран за кариера како масер. Од рана возраст, велат, тој имал „кликер“ за математика и логика, вештини што ги користел за програмирање.
Како петнаесетгодишник, тој создал програма за диспечери која и денес ја користат некои такси компании. Тој се обиде да студира во Мисури, потоа на Универзитетот во Њујорк, но ги напушти студиите.
Сам призна дека во тој момент му било поважно да развие апликација што ќе го направи милијардер. Неговата цел била „да создаде потреби и услуги кои ги олеснуваат секојдневните интеракции на луѓето“.
Вежба јога, студира источна и аскетска филозофија, но исто така често организира скапи забави на островот Сент Бартс на приватна јахта со неговата сопруга, топ моделот Лили Кол. Пред неколку години, тој рече дека има претензии да стане првиот човек на Њујорк.
Идејата за социјалната мрежа Твитер, која тој ја основаше во 2006 година заедно со Ајван Вилијамс и Биз Стоун и преку која најмоќните луѓе во светот пуштаат кратки пораки од 140 карактери, настана од еден парк во Њујорк, на тобоган.
Тој е љубител на панк музика и на Интернет често може да најдете слики од Дорси од неговата младост со необични фризури.