СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

БИТКА НА ВОЛСТРИТ: Раст на акциите на „GameStop“ по укинувањето на ограничувањата во трговијата

Акциите на „GameStop“ и другите, за кои до неодамна имаше „збрка“ на пазарот на капитал, поттикнат од социјалните мрежи, пораснаа во петокот, откако интернет-брокерот Robinhood ги укина сите ограничувања на набавките наметнати среде битката меѓу аматерските инвеститори и хеџ фондовите од Волстрит.

Акциите на „GameStop“, трговец на видео игри, пораснаа за 8,4 проценти при тргувањето пред официјалното отворање на берзата во Њујорк, но се чини дека го намалува ентузијазмот на купувачите што доведе до нивно вртоглаво зголемување во последните две недели, пренесува „Ројтерс“.

Robinhood, еден од бесплатните онлајн брокери одговорни за охрабрување на масовното купување на акциите на GameStop, доцна синоќа објави дека ги укинала сите ограничувања на набавките што беа воведени поради ненадејниот скок на клириншки сметки минатата недела.

Поради падот на цените на многу акции лансирани во орбитата од страна на социјалната мрежа Reddit, хеџ фондовите успеаја да заработат 3,6 милијарди долари оваа недела и да ги ублажат загубите од 12,5 милијарди долари забележани во јануари, објави денес компанијата за финансиска аналитика „Ортекс“.

Американскиот министер за финансии,Џенет Јелен во четвртокот се состана со највисоките финансиски претставници за да разговара за земјотресот на берзата, предизвикан од социјалните медиуми, а извори на Ројтерс велат дека американскиот регулатор за пазарот на хартии од вредност ги разгледува сите аспекти на удаот. како и вклучените страни.

Акциите на „GameStop“ паднаа на околу 53 американски долари откако минатата недела достигнаа дури 483 долари, но сепак се околу 177 проценти над нивото на кое беа пред почетокот на порастот.

Вредноста на акциите на кино-операторот AMC Entertejnment е повеќе од преполовена од максималните 19,90 долари. Денес, тие зајакнаа за 5,2 проценти.

Во меѓувреме, на форумот на Reddit – WallStreetBets, учесниците продолжуваат да ги охрабруваат инвеститорите да останат во GameStop.

Поврзани вести

„Тесла“ ги намалува платите

msp-admin

Украина повторно увезува струја од Русија

Влатко Зорба

„Амазон“ ги отфрли обвинувањата дека нивните работници мократ во шишиња

Влатко Зорба