СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Фонт кој ја доловува климатската криза

Визуелизацијата на климатските промени во јавноста најчесто се прави преку приказ на исчезнувањето на поларниот мраз, разни фотографии и анимации на Арктикот и Антарктикот и преку графикони кои ги покажуваат просечните температури измерени на Земјата. Сепак, од финскиот весник Helsingin Sanomat добиле идеја дека можат да ја нагласат климатската криза преку типографија – така што во иднина, кога ќе пишуваат за катастрофални климатски промени, ќе користат нов фонт, креиран од нивните дизајнери.

Типографија со научна позадина

Фонтот се вика Climate Crisis и доаѓа во шест верзии и различни дебелини на големи букви. Секој од нив претставува една фаза во исчезнувањето на арктичкиот мраз, од 1979 година до проценетата состојба во 2050 година. Тежините на фонтовите се во согласност со научните податоци на финскиот Национален центар за податоци за снег и мраз и нивните сателитски мерења.

За ширење на свеста за климатската криза надвор од Финска, овој весник го даде својот фонт за бесплатна употреба на секој што го сака. Сите варијанти на фонтот Climate Crisis се достапни за преземање преку посебна страница што дава детали за тоа. Авторите велат дека основната намера била да им помогне на уредниците и дизајнерите да ги визуелизираат климатските промени и дека фонтот може да се користи за да се нагласи итноста што ја претставува ситуацијата. Во своите изданија, Helsingin Sanomat веќе го користи на овој начин.

Веќе во првите денови по презентацијата на овој фонт, издавачката куќа забележа голем интерес од издавачите и дизајнерите од целиот свет, па дури и ја објави својата верзија на кирилица.

 

Поврзани вести

Вештачка кожа ќе ни овозможи да го почувствуваме ефектот на виртуелната реалност

msp-admin

Apple подготвува целосно обновен MacBook Pro

Влатко Зорба

4 технолошки трендови што ќе преовладуваат во 2021 година

msp-admin