Nestle SА ќе го продаде својот бизнис со минерална вода во шишиња во САД и Канада на One Rock Capital Partners за 4,3 милијарди долари. Договорот ќе му овозможи на гигантот од прехранбената индустрија да се фокусира на побрзо растечки категории на производи, пренесе „Блумберг“.
Продажбата вклучува брендови како Poland Spring, Pure Life и Deep Park. Меѓународните премиум води како Perrier, San Pellegrino и Acqua Panna остануваат во портфолиото на Nestle.
Со продажбата на помалку профитабилни брендови, извршниот директор Марк Шнајдер сака да се фокусира на бизниси со поголеми маржи и поголем потенцијал за раст. Овој потег исто така ја намали изложеноста на компанијата на деловна активност што предизвика критики за загадувањето и употребата на вредни резерви на вода.
Швајцарскиот гигант за храна направи значителни промени во своето портфолио и продаде разни средства откако Шнајдер ја презеде функцијата во 2017 година, фокусирајќи се на бизниси како што се кафе и храна за животни на сметка на закуски. Продажбата на флаширани води сè уште не е обновена од пандемијата поради затворените ресторани.
Шнајдер го продаде и бизнисот за нега на кожата за 10,2 милијарди швајцарски франци.