СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

LG го развива флексибилниот дисплеј за Apple

Извештај од тајвански DigiTimes сугерира дека Apple го ангажирал LG Display за развој на флексибилен панел за идниот iPhone.

Според извори од индустријата, одделот LG одговорен за развој и производство на дисплеи со Apple работи на прототип на овој екран. Сè уште не е потврдено дали идните модели на iPhone ќе користат флексибилен екран произведен од LG или компанијата од Купертино ќе ангажира други производители откако ќе се финализира дизајнот.

Извештаи од претходно сугерираат дека Apple планира да го објави својот флексибилен телефон во текот на 2023 година, а уредот треба да има поддршка за Apple Pencil. Тоа значи дека првиот флексибилен телефон на Apple може да биде објавен околу четири години по моделите Huawei, Samsung и Motorola, кои ги видовме во текот на 2019 година.

Флексибилниот iPhone на Apple може да има поддршка за паметно пенкало

Поврзани вести

Шведска ја доби својата прва јавна 5G мрежа: Граѓаните на Стокхолм „сурфаат“ на четирипати побрза мрежа отколку сегашната 4G

msp-admin

„Анти-кинеска политичка кампања“: Тик Ток го тужи Трамп поради забраната на апликацијата

msp-admin

GoPro Hero8 Black носи многу интересни подобрувања (ВИДЕО)

msp-admin