СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Ажурирање до Android 10 прави проблеми на некои смартфони на Sony

Новата верзија на Android 10 веќе е факт и многу паметни телефони уживаат во неговите нови карактеристики. Сепак, излегува дека заедно со позитивите, оперативниот систем има свои недостатоци, особено за некои паметни телефони од Sony.

Phonearena пријави поплаки од сопствениците на паметните телефони Sony Xperia XZ2 и XZ3 дека наишле на различни проблеми по ажурирањето. Најчести се побавно отклучување на уредот користејќи отпечаток од прст. Другите корисници виделе самостојновклучување на екранот и побрзо трошење на батеријата. Сопственик на Xperia XZ3 напиша дека алармот на неговиот телефон се уклучувал сам на секоја минута, дури и по исклучувањето. Тој го решил проблемот едвај кога го исчистил кешот на телефонот.

Покрај Xperia XZ3 и Xperia XZ2 кои се напојуваат со процесорот Snapdragon 845, Xperia 1 и Xperia 5, кои се базираат на Snapdragon 855, се соочиле и со разни проблеми. Корисниците известуваат дека ги решиле своите проблеми привремено користејќи ја апликацијата Xperia Companion, но по неколку дена тие повторно се појавиле. Според неофицијалните информации, Sony привремено го прекинал ажурирањето до Android 10 за некои од нивните паметни телефони.

Се очекува посебен „пач“ кој конечно ќе го реши проблемот, но датумот на објавување е сè уште непознат.

Поврзани вести

Samsung Galaxy S11 ќе има издолжен дисплеј со соднос на страните 20:9

msp-admin

Епл потрошила речиси 200 милиони долари за стартапот „Икснор“

msp-admin

Повеќе од 30.000 организации претрпеа штета по сајбер нападите врз серверите на Microsoft

Влатко Зорба