20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Санела Џенкинс го продаде имотот за 87 милиони долари на ко-основачот на WhatsApp

Босанската претприемачка и филантроп, Санела Џенкинс ја продаде својата вила во Малибу, Калифорнија за 87 милиони долари, објави Волстрит журнал.

Купувач на имотот е Јан Кум, коосновач на WhatsApp.

– Џенкинс е основач на компанијата за здрави пијалоци „в“, а беше во брак со британскиот банкар Роџер Џенкинс. Нејзиниот дом се појави на пазарот во мај минатата година за 125 милиони долари – пренесува „Волстрит журнал“.

Имотот се наоѓа во Paradise Cove, а претходни сопственици биле Бери Дилер и покојниот кантри пејач Кени Роџерс.

Сместен на врвот на карпа, имотот има своја жичара што води до океанот. Роџерс плати казна од 2 милиони американски долари за нејзиното поставување.

Имотот, кој е на скоро три хектари, вклучува еднокатна вила со пет спални и прозорци од подот до таванот, кои се отвораат кон градините.

Исто така, има студио за танцување и студио за снимање. Комплексот вклучува и гостинска куќа со три спални соби, базен, водопад, езерце, спортско игралиште.

Жичарата води до брегот на океанот каде има куќа со бар, вградена скара и камин.

Поврзани вести

Гејтс прими вакцина против Ковид-19: „Се чуствувам одлично…“ (ФОТО)

Влатко Зорба

„Не сте добар водач, ако мислите дека сте најдобри и никој друг не е добар“

Влатко Зорба

Netflix ќе објави 70 оригинални филмови во 2021 година

Влатко Зорба