СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоинот оди до милион долари и станува светска резервна валута?

На долг рок, биткоинот може да достигне цена од еден милион долари и да стане резервна светска валута, вели менаџер за управување со капитал за CNBC.

Ентони Помпилјано, коосновач и партнер во „Morgan Creek Digital Assets“, вели дека биткоинот може да достигне половина милион долари до крајот на деценијата. Може да достигне милион долари, додаде тој, без да прецизира во кој период.

„Мислам дека биткоинот конечно ќе прерасне во светска резервна валута. Мислам дека ќе вреди повеќе од пазарната капитализација на златото“, рече Помпилијано на подкаст на CNBC.

Но, банката JPMorgan предупредува на ризици во случај да продолжи растот на таа криптовалута.

Имено, пред неколку дена, биткоинот за прв пат ја надмина границата од 50 000 долари.

Поврзани вести

SEC: Шефовите на Ripple манипулирале со цената на XRP

Влатко Зорба

Суд му заплени 60 милиони долари во биткоини, тој не ја дава лозинката

Влатко Зорба

Алткоин сезоната на 2021 година само што започнува

Влатко Зорба