СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Јелен: Биткоин е ризично, шпекулативно средство

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен смета дека поседувањето биткоин претставува ризик и за инвеститорите и за граѓаните и посочува дека важните прашања во врска со законитоста и стабилноста на најголемата криптовалута во светот остануваат отворени.

„Не мислам дека биткоинот е широко користен како средство за трансакции … но и до степенот до кој се користи, се плашам дека тоа е често за нелегални финансиски трансакции. Крајно е непрофитабилно да се вршат трансакции затоа што количината на енергија што се користи за обработка на трансакцијата е зачудувачка“, изјави Jелен за CNBC во понеделникот.

Потрошувачката на електрична енергија што се користи во процесот на „копање“ на биткоин остава годишен отпечаток на јаглерод еднаков на емисиите на земја со големина на Нов Зеланд, според пресметките на порталот „Дигикономист“.

Покрај загриженоста поврзана со потрошувачката на електрична енергија, биткоинот се смета и за алатка што ја користат актерите вклучени во голем број нелегални активности, бидејќи неговата употреба е тешко да се следи.

Исто така, постои изразена нестабилност на оваа дигитална монета, чија цена, од нејзиното создавање до денес, бележи силни подеми и падови, додава американската ТВ станица.

„Тоа е исклучително шпекулативно средство и мислам дека луѓето треба да бидат свесни за неговата екстремна нестабилност и јас навистина сум загрижена за потенцијалните загуби што може да ги претрпат инвеститорите“, рече Џенет Јелен.

Поврзани вести

Доџкоин доби нови фанови – Далас Маверикс

Влатко Зорба

Поранешна порно ѕвезда си купува Dogecoin

Влатко Зорба

Кое DeFi средство го купуваат крипто-китовите?

Влатко Зорба