СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Работиме со сите сили да ја трансформираме С. Македонија во нов регионален центар на иновации, рече премиерот

Посветени сме и работиме со сите сили да ја трансформираме Северна Македонија како нов регионален центар на иновации. Во постковид ерата која е пред нас час поскоро треба да ги впрегнеме сите алатки како што е и акцелераторската лабораторија во изнаоѓање на иновативни решенија кои за сите нас ќе создадат економски патеки, кои се пред се зелени, инклузивни и праведни.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев во обраќањето по повод официјалното отворање на нова акцелераторска лабораторија на УНДП во Скопје, која е дел од најголемата и најбза мрежа за споделување знаења за одржлив развој и опфаќа 116 земји во светот.

Заев посочи дека како дел од стратегиите на оваа Влада за прв пат имаме таканречен Национален старт-ап совет кој прави краткорочна и долгорочна стартегија за трансформација на македонскиот старт-ап еко систем.

ФИТР, додаде тој, е сериозно посветен на овие цели, но и на креоирање инвестициски фонд со кој сериозно ќе се подобрат моделите на финансирање на микро и почетните бизниси.

-Една од најважните лекции кои ги научивме во целиот овој кризен период е дека добрите решенија доаѓаат преку дијалог, вмреженост, отворена мисла, критички став и капацитет за адаптација. Затоа во сорабнотка со УНДП и поддршката на Владата на Велика Британија започнуваме отворен и инклузивен процес за пишување на националната развојна стратегија за следните 20 години. Само преку вклучување на целото општество во националните развојни процеси можеме да се осигураме дека ќе стигнеме до најдобрите решенија и дека никој нема да биде запоставен. Ќе продолжиме во истатаа оваа насока заедно со нашите стартешки партнери да градиме пријателства, да разменуваме искуства, а со тоа да градиме зелена просперитетна бизнис иднина за сите наши граѓани, рече Заев.

На конференцијата по повод отворањето на акцелераторската лабораторија преку видео врска се обрати и администраторот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Ахим Штајнер, од неговата канцеларија во Њујорк, кој истакна дека работата на 92 акцелераторски лаборатории кои се дел од претстваништвата на УНДП и локалните иновациски екосистеми е од огромна важност.

-Членовите на лабораториите истражуваат, експериментираат и градат портфолија на меѓусебно зајакнувачки решенија си цел да се справат со предизвиците на денешницата како загадувањето на воздухот, управувањето со отпадот, разорниот социо-екоомски импакт на КОВИД – 19 врз најранливите категории и ред други, рече Штајнер.

Во 2021 година акцелераторската лабораторија во С Македонија ќе се фокусира на иницијативви за забрзување на систематски трансформации и реформи во јавниот секктор, кои ќе ги унапредат практиките за добро владеење базирани на пристапот за целосно општетство. Лабораторијата ќе ја поддржува земјата и во справување со проблемите поврзани со работните места на индината и ќе соработува со Град Скопје на развој на портфолио на интрервенции со кои ќе се адресираат главните развојни предизвици.

Поврзани вести

НУК: Иницијатива до Народна банка за одложување, отпишување и репрограмирање на доспеани обврски и кредити на угостителите

Влатко Зорба

Координативно тело: Quo vadis, Стопанска Банка АД Скопје ?

Влатко Зорба

Цените на „црното злато“ на највисоки нивоа во последните две години

Stefanija Kuzmanovska