СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Бритиш петролеум“ ќе им даде на сите вработени удел во компанијата

Британскиот енергетски гигант БП ги објави плановите да им даде удел во компанијата на сите вработени, кој се обидува да ги „крене“ по влијанието кое го имаше врз нив коронавирусот во 2020 година.

Извршниот директор Бернард Луни, кој го надгледува преминот од сурова нафта во зелена енергија, ја откри шемата за распределување на акциите во меморандумот објавен минатата недела, објави АФП.

„Без разлика дали сте бариста во Нов Зеланд, инженер за дупчење во Азербејџан, службеник за пумпање во Јужна Африка или аналитичар во Индија – над 60.000 луѓе во 66 различни земји ќе добијат удел во иднината на БП“, напиша Луни во писмо во средата, до кое дојде агенцијата Франс Прес (АФП).

„Зошто? Бидејќи – вие сте луѓето што ќе ја направат нашата стратегија успешна – и ние сакаме да имате можност да имате корист од она што го правите “.

Според планот, кој е прв од ваков вид во историјата на БП, целиот персонал ќе има право на еднократна уплата или можност за купување акции на подоцнежен датум.

Веста доаѓа откако БП откри овој месец дека паднал во огромна нето загуба од 20,3 милијарди долари минатата година, бидејќи коронавирусот ја уништи глобалната побарувачка за енергија.

Поврзани вести

Успешен старт на онлајн наставата и на новата академска година на Меѓународниот балкански универзитет

msp-admin

Јубилеен 10. Фестивал на младото вино во „Тиквеш“

msp-admin

Давитков од PwC: Пристапот до капитал е еден од најголемите предизвици за амбициозните компании

msp-admin