СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шокантен пресврт за златото: Омиленото прибежиште брзо ја губи својата вредност

Златото влезе во 2021 година со големи очекувања на рекордно високо ниво и најголем годишен раст во последната деценија. Но, од тогаш, благородниот метал го забележа својот најлош почеток на годината во последните 30 години.

Цената на златото за непосредна испорака во петокот падна на најниско ниво во последниве седум месеци, паднаа и фјучерсите, продлабочувајќи го падот и спуштајќи се под уште едно ниво на поддршка, што според аналитичарите може да претскажува понатамошно опаѓање, анализира Блумберг.

Металот, кој мина низ значително рели минатата година поради страв од пандемија, ниски каматни стапки и стимулативни трошоци, падна за повеќе од 7% во 2021 година и забележа најлоши перформанси во Bloomberg Commodity индексот. Металот се соочува со многу неочекувани предизвици. Клучни меѓу нив се изненадувачката отпорност на доларот и зголемувањето на приносот на американските државни хартии од вредност, додека економските показатели покажуваат дека закрепнувањето од пандемијата е во тек.

Златото поевтини додека приносот на 10-годишните државни хартии од вредност остана близу до едногодишниот максимум. Графика: Блумберг

„Бидејќи очекувањата за инфлација достигнуваат нови височини, гледаме луѓе кои се движат од злато кон индустриски метали како бакар“, рече Питер Томас, потпретседател на Zaner Group во Чикаго.

Падот на цената на златото од 7,1% во 2021 година е најлошиот почеток на годината за металот од 1991 година, покажуваат податоците собрани од Блумберг.

„Се чини дека златото сега известува за она, што го зборуваат пазарите на обврзници веќе неколку недели, т.е. подобар раст и за монетарната политика, ова веројатно значи повисоки каматни стапки во одреден момент оваа година. И, се разбира, за непрофитно средство како златото, тоа е особено лоша вест“, рече Мајкл Мекарти, главен стратег на пазарот во CMC Markets.

Џефри Гундлах, ветеран инвеститор и извршен директор на DoubleLine Capital LP, кој е неутрален во однос на златото повеќе од шест месеци, во објавата на Твитер изјави дека биткоинот може да има корист од стимулациите повеќе од златото.

Сепак, аналитичарите на Goldman Sachs Group во забелешката од 27 јануари велат дека со изгледи за дополнителни стимулации и ниски каматни стапки на Федералните резерви до 2023 година, металот „останува непремостлива инвестиција за среднорочен и долгорочен инвеститор“, дури и ако краткорочата сила на доларот петставува пречка.

„Спот“ златото падна за 0,24% на 1770,6 долари за унца во 7:40 часот наутро по македонско време и 3,3% на неделно ниво. Среброто, платината и паладиумот исто така запишуваат пад во цената.

Поврзани вести

Цените на храната во јануари на највисоко ниво од 2014 година

Влатко Зорба

Google ќе плати 76 милиони долари на француските медиуми за авторски права

Влатко Зорба

Вкупниот износ на третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“ за микро и мали претпријатија е 31 милиони евра

msp-admin