СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кина за 3 пати го зголеми производството на вакцини од почетокот на февруари

Дневното производство на вакцини против Ковид-19 во Кина достигна околу пет милиони дози, три пати повеќе од 1,5 милиони дози што ги имаше на 1 февруари, објавија кинески медиуми во средата.

Кина веќе испорача повеќе од 100 милиони дози во своите здравствени установи, објави новинската агенција „Синхуа“ на својата страница на социјалните мрежи, повикувајќи се на Кјао Јакинг, министер за индустрија и информатичка технологија.

„Вкупно 80,46 милиони дози вакцина се дадени на граѓаните до понеделник“, објави Синхуа.

Ова се споредува со 74,96 милиони дози дадени до сабота, што укажува на значително забрзување во стратегијата за вакцинација.

Пресметките на Ројтерс засновани на официјални податоци открија дека во просек биле дадени 2,8 милиони дози меѓу 21 и 22 март, во споредба со просечно 1,7 милиони дози на ден помеѓу 15 и 20 март.

Фенг Зиџијан, заменик директор на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, во понеделникот рече дека од април очекува значително зголемување на бројот на дневни вакцинации против ковид-19.

Кина планира да вакцинира 40 проценти од 1,4 милијарди луѓе до средината на годината, објавија државните медиуми.

Кина беше меѓу првите земји што започнаа со вакцинација минатата година и извезуваше милиони дози, но стапките на вакцинација заостануваат зад земји како што се Израел и САД.

Кинескиот производител на вакцини Синовај Биотек во понеделникот објави дека испратил 160 милиони дози од својата вакцина Ковид-19 во 18 земји и региони, вклучувајќи ја и Кина, а повеќе од 70 милиони дози веќе се применуваат на глобално ниво.

Поврзани вести

Бафет: Коронавирусот е „страшна работа“, но сега е време да се купуваат акции

msp-admin

Се огласи човекот што го избриша профилот на Трамп на Твитер: Дали згрешивме?

Влатко Зорба

Безос го поддржува предлогот на Бајден за зголемување на даноците на компаниите

Влатко Зорба