СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Партнерствата со старт ап заедница ја забрзуваат иновативноста на компаниите

„Партнерствата со стартап компаниите се од суштинско значење за да се забрза нашата иновативна моќ“, порача Рене Херевијнен, консултант за иновации и развој на бизниси на еден од водечките европски мобилити клубови – ANWB од Холандија на онлајн панел дискусијата за старт ап предизвикот на Светската Автомобилистичка Федерација (ФИА) Регија I. Панел дискусијата, која е последната во серијата панел дискусии посветени на ФИА Регион I старт-ап предизвикот, ја организираа Бизнис Акцелераторот УКИМ и Авто-Мото Сојузот на Македонија.

Хервенијнен го пренесе сопственото 14-годишно искуство во идентификување на потребите и унапредување на услугите за членовите на пет-милионскиот клуб, кои денес не се само сопственици на автомобили, туку и на велосипеди.

„Светот се менува со брзо темпо. Водени од технологијата, пазарите на кои ANWB е активен бараат иновации. Ако не одговориме, ќе има голем ефект врз континуитетот на компанијата. ANWB сака да остане голема, здрава компанија, максимално релевантна за своите клиенти. Затоа сакаме да растеме со нови предлози и бизнис модели. Не само во рамки на нашите сегашни домени (мобилност, рекреација и туризам), ние исто така ги истражуваме иновациите надвор од нашите сегашни деловни активности. Преку стартап предизвикот FIA Region I, се надеваме дека ќе стапиме во контакт со стартапи кои можат да ни помогнат да го постигнеме овој раст. Партнерствата со стартап компании се од суштинско значење за да се забрза нашата иновативна моќ“, велиј тој.

За Александар Стамболиев од Бизнис Акцелераторот УКИМ, „промените се карактеристика на времето во кое живееме. Секојдневно сме соочени со разни техничко-технолошки решенија кои го менуваат нашето мислење за автомобилите. Решенија кои го олеснуваат животот на сопствениците, решенија кои ја менуваат мобилноста од една до друга точка. БАУ и АМСМ, преку соработката со Светската Автомобилистичка Федерација Регија I, настојува кон овие светски и секојдневни промени на реалноста да ја вклучи и македонските старт-ап бизнис заедница, со своите иновативни решенија, предлози, идеи. Тука сме целосно да ги поддржиме ваквите иновативни и креативни решенија кои ќе имаат можност преку ФИА Регија I предизвикот да пласираат одредено решение до 36 милионски пазар“.

Исто така, АМСМ и БАУ ја информираат старт-ап заедницата за можностите на овој предизвик.

„Како единствена мобилити членка на ФИА од земјава, се потрудивме и успеавме да донесеме релевантни гости на секоја од трите досега организирани панел дискусии. Имено, на различни теми досега зборуваа Сара Камбиер (Sarah Cambier), одговорна за реализација на FIA Region I Start-up Challenge, потоа Габриел Симчиќ (Gabriel Simcic), директор на одделот за членство во FIA Region I и Рене Херевијнен (René Herrewijnen), консултант за иновации во еден од водечките европски мобилити клубови, ANWB од Холандија. Секој од нив придонесе за подобро информирање на преставницитe од start-up заедницата во насока на тоа кои проблеми на членовите треба да се адресираат во пошироки рамки, што се очекува од нивните идеи и како треба да се размислува при подготовка на апликацијата за предизвикот. Предизвикот е отворен до 28 февруари и уште еднаш ги охрабруваме македонските start-up компании да не ја пропуштаат можноста и да аплицираат со своја идеја“, велат од АМСМ.

На натпреварот може да учествуваат сите старт ап компании кои имаат или може да понудат креативна идеја или решение во една од следниве области:

1) Како мобилити клубовите може да ја подобрат и иновираат употребата на автомобили во иднина?

2) Како клубовите може да ги понудат најдобрите решенија за мобилност на своите членови?

3) Како мобилити клубовите може да им го олеснат животот на луѓето и надвор од нивните автомобили?

FIA Region I вклучува 103 мобилити клубови од Европа, Блискиот Исток и Африка со 36 милиони членови. Првиот стартап предизвик на FIA Region I привлече 67 апликанти од различни земји.

Поврзани вести

Состојбата на германската авто индустрија најдобра во последните три години, еден фактор загрижува

Stefanija Kuzmanovska

Халкбанк со инвестиција над 25.000 евра за поддршка на угостителскиот сектор

Берта Китинска

Битиќи: Акцентот на нашата соработка со земјите од регионот не треба да се става на проблемите, туку на решенијата

Влатко Зорба