СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоинот падна за повеќе од 6 проценти

Цената на биткоинот падна денес за повеќе од 6 проценти, откако во неделата скокна на рекордни 58.354 долари, бидејќи продажбата на акции на глобалните пазари го потисна апетитот на ризичните инвеститори.

Со најпопуларната криптовалута во светот се тргуваше до 11:00 часот по средноевропско време по цена од 54 000 долари, пренесува Ројтерс.

Само еден ден порано, тој достигна нов хистеричен максимум, скоро двојно зголемување на неговата вредност во споредба со почетокот на годината.

Биткоинот минатиот петок забележа пазарна капитализација од 1,0 трилиони долари. Ривалската виртуелна валута, етереум, исто така падна за 7,0 проценти денес, на 1798 долари.

Поврзани вести

Добар почеток: На првиот ден од 2021 година, биткоинот вреди повеќе од 29.000 долари!

Влатко Зорба

Биткоин сега вреди 48.000 долари: Дали е Маск е виновен за тоа?

Влатко Зорба

Зошто Bitcoin оствари огромна заработка?

Влатко Зорба