СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

LinkedIn развива нова услуга за фриленсери

LinkedIn веќе некое време развива услуга што треба да ги поврзе луѓето и компаниите кои бараат услуги како што се дизајн, развој на софтвер итн., со фриленсери кои нудат такви услуги.

Деловна социјална мрежа во сопственост на Microsoft има намера да лансира нова услуга во втората половина на годината, која ќе биде наменета за хонорарци кои наскоро ќе можат полесно да се поврзат со луѓе и компании кои бараат хонорарни услуги.

Со новата услуга LinkedIn Marketplace, компанијата очекува зголемување на бројот на корисници, но и нови извори на приход на пазар кој постојано расте и кој доби нова динамика со пандемијата на коронавирус.

Сајтот „Information“ наведува дека платформата за фриленсери е само дел од поголемиот план на LinkedIn, кој вклучува дигитален паричник во кој корисниците ќе можат да депонираат пари и да плаќаат фриленсери од истиот, како и поголема инвестиција во содржина. За содржината објавена од професионалци, како што се писатели, консултанти или претприемачи, корисниците ќе мора да плаќаат претплата или да им се даде можност да плаќаат доброволен надомест, како знак на поддршка за нивната работа.

Поврзани вести

Русија може да биде исклучена од западните платни системи

Влатко Зорба

Huawei ја продолжува гаранцијата за сите свои уреди до 3 месеци

msp-admin

Поради големиот пад на резервации, Booking отпушта повеќе од 4.000 лица

msp-admin