СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кина ги повикува САД да ги укинат тарифите и да започнат со „градење добра волја“

Кина ја повика администрацијата на Бајден да преземе чекори за „градење добра волја“, вклучително и отстранување на тарифите и санкциите, додека Пекинг продолжува да ги упатува Соединетите држави први да започнат да ги обновуваат расипаните односи, објави „Блумберг“.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на денешниот форум во Пекинг рече дека двете земји треба повторно да ги отворат платформите за дијалог, прекинат од поранешниот претседател Доналд Трамп и да се откажат од некои политики на претходната администрација на САД. Тој ја повтори потребата да се елиминираат „неразумните тарифи“, да се откаже од „неразумното сузбивање“ на кинескиот технолошки напредок и го наведе ограничувањето на кинеските медиуми и студенти како друго големо прашање, што предизвикува загриженост во азиската земја.

„Во сегашните околности, двете земји можат да започнат со полесни работи, да комуницираат активно и да градат добра волја“, рече Ванг, додавајќи дека Пекинг и Вашингтон се уште се во состојба да „постигнат големи работи“ на светот.

„Се надеваме дека американската страна ќе ги прилагоди своите политики што е можно поскоро.

Говорот беше од службеник од највисок ранг во Кина за врските на земјата со Соединетите држави откако претседателот Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг разговараа на телефон пред Лунарната Нова година на почетокот на овој месец. Додека двете страни сакаат да ги стабилизираат односите што се деградираа за време на мандатот на Трамп, Бајден сигнализираше поддршка за многу од политиките на неговиот претходник кон Кина.

Додека Пекинг очекува Вашингтон да го направи првиот чекор, тимот на Бајден работи на обновување на врските со американските партнери. Во петокот, американскиот претседател ги повика сојузниците да продолжат да ја поддржуваат демократијата, предупредувајќи дека светот се соочува со историска „точка на кршење“ што ќе ја зајакне автократската идеологија. Додека официјалната изјава на форумот Г-7 на 19 февруари даде малку детали за темата Кина, водачите дискутираа за земјата „опширно“, објави Блумберг њуз, повикувајќи се на европски дипломат.

Меѓу другите говорници на денешната конференција во Кина беа Хенк Полсон, поранешен министер за финансии на САД, Кевин Руд, поранешен премиер на Австралија и Морис Гринберг, поранешен претседател и извршен директор на Американската меѓународна група (AIG).

Полсон коментира дека на двете страни е да работат на подобрување на односите.
„Соединетите држави и Кина мора да одлучат како и каде да се натпреваруваат и како да се избегне конфликт“, рече Полсон.

„Ако не го сториме тоа, светот ќе биде многу опасно место“.

Во својот апел до Си, Бајден изрази загриженост за присилните и неправедни економски практики на Кина, како и за кршењето на човековите права во регионот Ксинџијанг. Тој му одговори на Бајден со предупредување да не се меша во она што претседателот на Народна Република Кина ги смета за внатрешни работи и ги повика Соединетите држави да помогнат во обновувањето на комуникациските канали за да се избегнат недоразбирања и погрешни пресметки.

Денешните коментари на Ванг за намалување на визниот притисок врз кинеските студенти и медиумите, се меѓу можните компромиси. Индо-пацифичкиот координатор за политика Курт Кембел во јануари изјави дека Соединетите држави можат да го олеснат визниот режим за да изградат доверба со Кина.

„Од гледна точка на Кина, одговорноста за влошувањето на односите за време на администрацијата на Трамп е првенствено на Соединетите држави“, рече Џоу Чи, директор на Институтот за глобално управување и развој на универзитетот „Тонгџи“.

„За да ги вратат односите во колосек, САД прво мора да го сменат своето однесување“, додаде тој.

Поврзани вести

Успешен старт на онлајн наставата и на новата академска година на Меѓународниот балкански универзитет

msp-admin

Се затвораат скоро 100 продавници на Pull&Bear, Bershka и Stradivarius

Влатко Зорба

Зошто е подобро да плаќате со кеш и да носите крупни банкноти?

msp-admin