Стандард
ЕКОНОМИЈА

Ќе се зајакнува соработката помеѓу ССМ и ДИТ во однос на постапувањето по пријавите за кршење на работничките права

Денеска во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа средба помеѓу Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска, Координаторот на канцеларијата на МОТ, Емил Крстановски и Наташа Мечкароска Симјаноска, проектен координатор на проектот, Зајакнување на социјалниот дијалог.

На состанокот се договори зајакнување на соработката помеѓу ССМ и ДИТ во поглед на постапувањето по пријавите на работниците за кршење на работничките права.

Со поддршка на Меѓународната организација на трудот, ССМ и Државниот инспекторат за труд ќе започнат активност со која работниците, преку ССМ ќе добиваат правна заштита и вистински партнер при остварување на нивните работнички права утврдени со Закон и Колективните договори.

Се дискутираше и за пријавите кои ССМ во изминатиот период ги доставува до Државниот инспекторат за труд за неисплатен регрес за годишен одмор, неисплатени плати, незаконски откази на договорите за вработување и слично, за што во најскоро време ќе добиеме детална информација која ќе ја споделиме со работниците.

Заеднички заклучок од средбата е дека работниците треба да се охрабрат и да ги пријавуваат сите прекршувања на нивните права од работен однос.

ССМ и Државниот инспекторат за труд ќе се ангажираат во следниот период да ја вратат довербата во институционалното разрешување на проблемите на работниците и враќање на сигурноста на работничките права.

Поврзани вести

Ангеловска – Бежоска: Финансиските средства од ММФ ќе помогнат за ублажување на негативните ефекти за нашата економија

Влатко Зорба

УЈП: Од 12 јуни, по 20 отсто од данокот за македонските производи

Игротеките бараат помош од Владата и датум за нивно повторно отворање