СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Последниот викенд од септември ќе купуваме без ДДВ

Викенд без ДДВ во продавниците за облека, бела техника, мебел, училишен прибор ќе се организира кон крајот на септември.

Премиерот Зоран Заев изјави дека кон крајот на септември ќе имаме викенд без ДДВ, пред почетокот на школската година бидејќи тогаш родителите повеќе ќе трошат за дечињата кои ќе почнат со училишната година“, изјави Заев.

Вицепремиерот за координација со економските сектори Фатмир Битиќи изјави дека не се откажуваат од проектот „Викенд без ДДВ“ и оти се разгледуваат законските можности и здравствените аспекти кога тој може да се реализира.

„Веќе ги гледаме последните законски можности кога во најбрз временски период и во координација со здравствените институции, тоа може да се направи. Мислам дека наскоро со четвртиот пакет веќе ќе имаме став и за „Викенд без ДДВ“, рече Битиќи.

Коментирајќи ги мислењата на некои експерти дека мерката повеќе ќе им помогне на поимотните отколку на посиромашните граѓани и дека води кон сива економија, Битиќи кажа дека има механизми со кои би се идентификувале и елиминирале евентуалните вакви појави.

Со оваа мерка која Владата ја најави, ќе се поттикне потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Се очекува дополнителен приход од 20 милиони евра да се слеат во македонското стопанство.

Поврзани вести

Влада: Минимални трошоци за основање фирма и намалување на парафискалните давачки до 75 проценти

Никола Поповски

Ангеловска-Герберих: Трговската размена со Германија порасна за 18%

msp-admin

Митрески: Ваучери од 6000 денари за граѓаните со месечни приходи до 15.000 денари