СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германија и Франција ги прекинаа воздушните врски со Велика Британија

Германија и Франција одлучија да ги прекинат воздушните врски со Велика Британија поради појавата на нов, позаразен вид на коронавирус.

Германија им се приклучи на европските земји кои ги прекинаа воздушните врски со Велика Британија, која е во строга блокада од полноќ, по појавувањето на новиот вид коронавирус, изјави владин извор.

Патнички летови претходно беа прекинати од Холандија, Белгија и Италија поради вирус кој неконтролирано се шири низ Велика Британија.

Одлуката на Берлин стапува на сила на недела на полноќ. Забраната може да биде воведена од целата Европска унија, бидејќи во тек се консултации за заеднички одговор на поморските, железничките и патните врски со Велика Британија.

Емануел Макрон, Ангела Меркел, Урсула фон дер Лејен и Шарл Мишел порано разговараа за тоа на телефон.

Светската здравствена организација ги повикува своите членови во Европа да ја „зајакнат контролата“ заради новиот вид коронавирус, кој циркулира во Велика Британија, изјави за AФП нејзиниот европски огранок.

Надвор од Велика Британија, неколку случаи се пријавени во Данска (9), како и по еден во Холандија и Австралија, според СЗО, кој им препорачува на своите земји-членки „да го зголемат капацитетот за секвенционирање“ на вирусот за да дознаат повеќе за опасностите од новиот вид, изјави портпаролката.

Според СЗО, покрај „првите индикации дека новиот вид може да биде заразен“, тоа „може да влијае и на ефективноста на некои дијагностички методи“, повторно според „првичните информации“.

Сепак, „нема докази за промена на тежината на болеста“, иако ова исто така се испитува.

СЗО ќе обезбеди повеќе информации веднаш штом има „појасна слика за карактеристиките на новиот вид“, рече портпаролката за Европа, одговарајќи на прашање на АФП.

„Низ Европа, каде што вирусот брзо се шири, земјите треба да ја засилат контролата и превенцијата“, соопшти СЗО.

На глобално ниво, се препорачува „сите земји, ако е можно, да го зголемат капацитетот за секвенционирање на вирусот Сарс-Ков-2 и да разменуваат податоци на меѓународно ниво.

Франција ги прекина сите патувања на граѓаните од полноќ, како и превозот на стоки по пат, воздухопловство, море и железница од Велика Британија, каде е откриен нов вид коронавирус, објави владата.

„Ќе биде дозволена стока без придружба, како и проток на луѓе и сообраќај кон Велика Британија“, додаде француската влада.

Неколку европски земји одлучија да ги прекинат воздушните врски со Велика Британија, по откривањето на новиот вид на коронавирус.

Последна во низата што објави прекин на врските е Ирска. Земјата објави дека воздушните врски со Велика Британија ќе бидат прекинати на 48 часа од полноќ.

Поврзани вести

Бајден најави мерки за опоравување на американскиот пазар на труд

Влатко Зорба

Словенечката новинска агенција сè уште без пари за нормална работа

Влатко Зорба

Г7: САД се повторно на маса и ќе и помогнат на глобалната економија

Влатко Зорба