СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Од „бебе од контејнер“ до милионер

Само неколку часа по раѓањето на Фреди Фигерс, неговата мајка го фрлила во ѓубре. Му рекле дека таа е зависник од наркотици и не може да се грижи за него, но откако бил пронајден, веднаш бил згрижен од страна на згрижувачки родител.

Денес тие се негови родители и на хартија и тој реши да го сподели својот пат со целиот свет – од „бебе од контејнер“ до успешен млад бизнисмен.

– Моите згрижувачки родители прифатија повеќе од сто деца во текот на нивниот живот, но јас бев еден од двајцата што ги посвоија. Тие се приближуваа до 70 години, така што дел од плановите за во иднина не беше точно посвојување новороденче, но бидејќи видоа низ што поминав, тие не сакаа да поминувам низ системот за грижа. Живеевме во еден мал град на Флорида каде секој знае сè, па децата на училиште ја слушнаа мојата приказна дури и пред мене – изјави тој за „Гардијан“.

Неговите врсници го малтретирале, нарекувајќи го „бебе од контејнер“.

– Тогаш морав да разговарам со татко ми. Кога имав 10 години ми рече во какви околности сум роден. Мислев: „Дали некој навистина ме фрлил? Дали сум ѓубре или личност?“ Сето тоа ми пречеше долго време, но го надминав. Имав мајка и татко кои ме сакаа – вели Фреди.

Возраста на неговите родители значело поинакво детство.

– Татко ми не можеше да игра фудбал со мене, па затоа се заинтересирав за технологијата. Читам енциклопедии од корица до корица. Бевме сиромашни, одевме во луксузни продавници во потрага по работи што ги фрлиле. Кога имав осум години, татко ми ми купи користен „Macintosh“ на пазар. Не работеше, но успеав да го расклопам и поправам, по 50 обиди – додава Фигерс.

Бидејќи сè уште бил малтретиран, компјутерите биле негово спасение. Тоа го однело во компјутерската лабораторија во училиште и го охрабрило да започне сопствен бизнис, поправајќи компјутери.

Прва заработка на 14 години

– На 12-годишна возраст ја добив својата прва работа. Работев по училиште во градското собрание како компјутерски техничар. Помогнав во развивање на протоколи за Интернет услуги, ја зголемив страста до крајни граници. Научив сè што можам и до 14 години започнав со програмирање, седев на компјутер два дена и не бев гладен. Ми се допадна – вели Фигерс.

Околу тоа време, тој заминал на патување со црквата за да помогне како волонтер да се опорави блискиот град откако го погодило торнадо.

– Помогнав во автосалон. Нивните документи летнаа во воздух, па јас дизајнирав база на податоци за нив. Кога се вратив дома, започнав да го правам истото за други компании. Добро заработував на 14 години, но секогаш заштедував знаејќи дека сакам да имам своја компанија за телекомуникации – сведочеше Фреди.

Кога имал 17 години, на неговиот татко му била дијагностицирана деменција. Среде ноќ, тој излегувал од куќата и пешачел неколку километри. Тој ќе заборавел да носи кошула и панталони, но секогаш имал чевли на себе.

– Зедов една и инсталирав плоча во ѓонот на која имаше звучник и сензор. На тој начин можев да проверам каде е кога ќе заминеше од дома, и мојот глас ќе се слушне од уредот. И објаснив на една компанија што работев со она што го направив и беа воодушевени. Тие го купија уредот од мене за 2,2 милиони долари – вели Фигерс.

Отсекогаш сакал да му купи на својот татко рибарски брод за кој сонувал.

– Тој почина помалку од 48 часа откако ги добив тие пари. Наместо тоа, го вложив секој долар во работи што би им помогнале на други луѓе, како што е дијабетичен метар што споделува резултати преку „Bluetooth“ – објаснува тој.

Фигерс сега има 31 година и е извршен директор на компанијата „Фигерс комуникации“ и фондација која им помага на децата во згрижувачки семејства.

– Купуваме 25.000 велосипеди за Божиќ и ги подаруваме. На родителите им должам сè, бидејќи тие ми покажаа сочувство и дека имам добри луѓе околу мене. Никогаш не слушнав како татко ми вика. Тој почина во 2014 година, но дури и кога бев дете, знаев дека тоа е пар чевли во кои сакав да чекорам – ​​заклучува младиот човек.

Поврзани вести

LinkedIn испраќа 15,900 работници на одмор

Влатко Зорба

Вкупно 309.337 граѓани користеле домашна платежна картичка, реализиран промет од 26,5 милиони евра

msp-admin

Пандемијата ја „размрда“ листата со милијардери на „Форбс“

msp-admin