СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

САД ја казни „Луфтханза“ со над 6,4 милиони долари

Федералната управа за авијација на САД (ФАА) изрече казна од повеќе од 6,4 милиони долари на германската авиокомпанија „Луфтханза“, пренесе ТАСС.

Според изјавата објавена на официјалната веб-страница на авијациската администрација, компанијата имала 30 дена да издаде официјална изјава, која истече во петокот.

„Федералната управа за авијација на САД ја казни Луфтханза 6.428.000 американски долари за наводно извршување на околу 900 летови кои не се во согласност со федералните регулативи на авијацијата“, се вели во соопштението на Федералната управа за авијација до медиумите.

Луфтханза управува со летови до и од аеродромите во Сан Диего и Филаделфија и покрај недостатокот на дозвола од регулаторот на воздушниот сообраќај на САД.

Поврзани вести

Во Британија без бензински и дизел автомобили од 2030 година

msp-admin

Huawei се насочува кон развој на софтвер, станува конкурент на Google

Влатко Зорба

„Фолксваген“ исплати најголем дел од оштетите по скандалот „дизелгејт“ во Германија

msp-admin