Google Pay и Samsung Pay наскоро ќе им овозможат на корисниците да вршат плаќања користејќи криптовалути, според неодамнешното соопштение од услугата за плаќање на криптовалути – BitPay.
Пред неколку дена, компанијата објави дека Apple Pay ќе ја поддржува картичката BitPay, дозволувајќи им на корисниците да вршат плаќања користејќи Bitcoin и други криптовалути на платформата. Сега се подготвува да понуди слични карактеристики како на Google, така и на Samsung Pay.
Кога официјално објави поддршка за Apple Pay, BitPay откри дека планира да обезбеди поддршка за Google и Samsung Pay подоцна овој квартал.
Откако ќе биде официјално лансирана, корисниците ќе можат да ја додадат картичката BitPay и на услугите за плаќање преку Интернет и да купуваат со помош на Биткоин и други криптовалути.
Услугата автоматски ќе ги претвори поддржаните криптовалути, вклучувајќи Bitcoin, Bitcoin Cash, Ethereum, USDC, GUSD, PAX и BUSD, во фиат валута за плаќања. Услугата ќе биде поддржана секаде каде што можете да користите традиционална дебитна картичка Mastercard.
„Имаме илјадници клиенти на BitPay Wallet кои ја користат BitPay картичката, кои секогаш бараат нови места и начини како да ги трошат своите криптовалути. Додавањето на Apple Pay и наскоро Google и Samsung Pay го олеснуваат користењето на картичката BitPay на повеќе места, како за секојдневни, така и за луксузни набавки“, изјави по тој повод извршниот директор на BitPay, Стивен Пер..
BitPay сè уште не го објави точниот датум на објавување за поддршка на Google Pay и Samsung Pay. Сепак, бидејќи е веќе достапен во Apple Pay, се верува дека нема да помине многу време пред да стане достапен за корисниците на Android.
Ова не е прва услуга за криптовалути што нуди поддршка за основна платформа за плаќање преку мобилен телефон. Популарната платформа за размена на криптовалути Coinbase објави слична функционалност за својата картичка во март минатата година, овозможувајќи им на корисниците да плаќаат со криптовалути преку Google Pay.