СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Гејтс го смени мислењето за криптовалутите

До пред неколку години, сопственикот на Мајкрософт, Бил Гејтс беше жесток критичар на криптовалутите, откако тој ги нарече шпекулативни инвестиции.

Изгледа во меѓувреме малку ги ревидирал своите ставови.

Според „МаркетВоч“, во неодамнешното интервју за американската телевизија Си-Ен-Би-Си, Гејтс рече дека денес има „неутрален став“ кон биткоинот, бидејќи ниту тој е сопственик на криптовалутата, ниту пак се обложува против него.

Како дел од неговата фондација, Гејтс работи на ширење дигитални валути во земјите во развој, но тоа го прави со цел да овозможи поголема транспарентност и полесен поврат. На Гејтс денес најмногу му пречат можностите за криминална активност обезбедени од анонимноста на криптовалутите, а таа можност за злоупотреба е најверојатно главната причина за неговиот сегашен став.

Од друга страна, Мајкрософт неодамна патентираше свој систем за криптовалути, заснован на алтернативни методи на „копање“, како што се температурата на телото и мозочните бранови.

Во претходните години, Гејтс ја критикуваше шпекулативната природа на криптовалутите, верувајќи дека нема никаква вредност зад нив и изјави дека „ќе се обложи против нив ако има лесен начин да го стори тоа“.

Поврзани вести

Bitcoin може да вреди 50.000 долари до средината на февруари

Влатко Зорба

Помалку познати криптовалути кои треба да се следат во 2021 година

Влатко Зорба

Крипто-берзата FTX додава поддршка за PayPal

Влатко Зорба