СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Sony работи на нови VR очила за PlayStation 5

Sony обезбеди компатибилност на системот PlayStation VR i за PlayStation 5, но денес компанијата официјално потврди дека работи на нова верзија која ќе може да ја искористи целосно конзолата. Уредот не е завршен и нема да се појави на пазарот оваа година, но како и да е, во моментот и без тоа нема многу можности за набавка на конзолата.

Објавувањето на Хидеаки Нишино на блогот на Sony вели дека новата верзија ќе понуди „драматично подобрување на перформансите и интерактивноста“ и играчите ќе можат уште подобро да се нурнат во светот на игрите. Компанијата ветува подобрувања во резолуцијата, видното поле, следењето движења и можностите за управување.

Што се однесува до второто, Sony открива дека работи на нов VR контролер кој ќе вклучува некои од карактеристиките на DualSense и ќе има подобрена ергономија. Покрај тоа, системот ќе се поврзе со PS5 само со еден кабел за лесна конфигурација. Досега, сето ова е познато за новиот развој, но можно е да дознаеме повеќе во наредните месеци.

Поврзани вести

Беспилотни минибуси во Европа од 2023 година

Влатко Зорба

Безбедносна фирма предупредува дека LastPass за Android има седум вградени тракери

Влатко Зорба

Facebook Dating влегува „во војна“ со Tinder

msp-admin