Апликацијата за навигација има добро познат интерфејс и широк спектар на алатки со кои што побрзо може да се дојде до посакуваната локација и да се организира патувањето. Google Maps е претходно инсталирана на паметните телефони со Android, што ни овозможува пристап до сите корисни функции со неколку кликања.
И покрај ограничувањата за слободно движење, Google активно ја ажурираше апликацијата со нови подобрувања во последните месеци. Ако сте љубител на ноќни режими, кои се широко користени од најпопуларните апликации за паметни телефони, добро е да знаете за најновата надградба.
Google Maps сега им овозможува на корисниците да користат универзален Dark Mode режим. Досега имаше начин да се активира ноќната тема, но со ограничена функционалност, главно за активни координати за навигација. Новата верзија сега ќе ги затемни сите менија, прозорци и елементи на Google Maps, пренесува TechRadar.
Интеграцијата на карактеристиката ќе им олесни на корисниците, особено кога патуваат навечер, бидејќи нема да ги оптеретува очите и ќе ја штеди батеријата.
За да ја активирате функцијата, треба да го отворите менито за поставки и да кликнете на „Тheme“ каде што можете да изберете „Always In Dark Theme“. Тогаш ќе можете да работите со „Google Maps“ како досега, но темниот интерфејс ќе биде уште посоодветен за употреба при слаба осветленост.
Функцијата се очекува да биде достапна за сите верзии на Android, пренесува TechRadar. За промена на темниот режим во Light Mode потребни се неколку кликања од истото мени од кое сте вклучиле Dark Mode. Неколку други апликации на Google исто така добиваат ажурирања.
Android Auto, на пример, сега поддржува прилагодени позадини, а патниците можат да стартуваат говорни команди од централната конзола. Ова ќе обезбеди дополнителна забава во движење. Подобрувањата во „Google Assistant“ ќе ни овозможат да направиме уште повеќе работи без да вадиме паметни телефони од нашите џебови.
Вметнувањето на „Lock Screen Personal Results“ во менито ќе прикаже интерактивни мапи од Lockscreen менијата со кои може да испраќате пораки, да започнувате разговори, да слушате музика во Spotify и многу повеќе.