СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Реализирани над 75 % од магистралниот гасовод Скопје – Гостивар

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорот на Национални Енергетски Ресурси и заменик министерот за транспорт и врски, беа присутни на увид на градежните работи на магистралниот гасовод Скопје – Гостивар.

На овој гасовод, како што сподели Бочварски, има реализација со преку 75 %.

„Градежноштвото е моторот на економијата, затоа даваме силен фокус на изградбата на гасоводната мрежа како проект од круцијално значење за цела држава, за економијата, а посебно за граѓаните“, вели тој.

Најави и отпочнување на постапките за изградба на нови магистрални делници и тоа:

– гасовод од Велес до Свети Николе
– од Гостивар до Kичево
– и од Неготино до Гевгелија и интерконекциско поврзување со Грција.

Поврзани вести

Џеф Безос и неговата поранешна сопруга се збогатуваат среде криза

Stefanija Kuzmanovska

Стопанската комора на Македонија бара целосно укинување на Законот за трговија на зелените пазари

msp-admin

Влада: Да се разгледа можноста за финансиска поддршка за работодавачите, за родителите на ученици до 10 години, кои се ослободени од работа