СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Паметните часовници на Huawei ќе работат со апликации од трети страни

Паметните часовници се достапни во различни дизајни и големини. Во повеќето случаи, треба да пронајдете рамнотежа помеѓу одредени функционалности и траењето на батеријата. Главен приоритет на производителите е вклучување на различни режими за следење на тренинзите и клучните параметри на телото.

Се поголем број паметни часовници можат да го следат пулсот, но исто така и квалитетот на сонот, заситеноста на крвта и многу повеќе. Конкуренцијата помеѓу големите компании придонесува за подостапни цени, што е една од причините за солидните продажби во 2020 година.

Apple Watch доминира во овој сегмент, но уредите Wear OS исто така регистрираат голем број продажби. Некои производители користат свои софтверски решенија за да ги разликуваат своите паметни часовници, како што е Samsung, кои се потпираат на Tizen OS. Друг пример е Huawei, кој исто така се обидува да привлече внимание кај потрошувачите со свои решенија и функционалности.

За разлика од конкурентските платформи, паметните часовници на компанијата не поддржуваат апликации од трети страни.

Оваа специфична карактеристика е причината поради која компанијата често се обвинува дека не вложува многу напори да го отстрани овој проблем. Потсетуваме дека Huawei е доста активен во градењето на сопствен екосистем, кој вклучува Huawei App Gallery за пристап до апликации и Harmony OS.

Сепак, сопствениците на часовници на компанијата наскоро може да добијат пристап до содржини од трети страни. Huawei ја оптимизираше верзијата на апликацијата Fitify за Huawei Watch GT 2 Pro.

Ова е само првиот чекор во амбициозниот проект на компанијата. Апликацијата сега може да се преземе од AppGallery и нуди разновидна колекција од над 900 вежби и 200 милиони завршени тренинзи. Fitify го користат над 10 милиони корисници на 18 различни јазици.

Поврзани вести

Samsung ќе развива флексибилни екрани за Google, Oppo и Xiaomi

Влатко Зорба

Xiaomi претстави концепт на телефон без порти и копчиња (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Позната цената и датумот на објавување на новиот „PlayStation 5“

msp-admin