СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Нова апликација за заштита на правата на потрошувачите

Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) денеска промовираше нова мобилна апликација за заштита на правата на потрошувачите – Potrosuvaci MK.

Апликацијата е достапна на македонски и албански јазик.

Покрај апликацијата, беше презентиран и Извештајот од мониторингот на седумте клучните институции за заштита на правата на потрошувачите.

Претставникот на ИСИЕ Дарко Спасевски, кој ги промовираше клучните наоди од спроведениот мониторинг, ја нагласи потребата од континуирано градење на капацитетите и обуката на човечките ресурси како и поголемо учество на граѓанскиот сектор во овие институции.

Од страна на претставничката на Секретаријатот за европски прашања Кристина Коневска-Беровска беше нагалсена важноста на заштитата на потрошувачите во претпристапните преговори со ЕУ.

Според претставничката на проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, Шерифе Исмаили-Касапи, заштитата на правата на потрошувачите во ЕУ се врпи преку заштита на нивните економски интереси и со постојано едуцирање на граѓаните. Таа смета дека со хармонизацијата на домашното законодавство со она на Европската унија, земјава ќе се доближи до ЕУ стандардите за заштита на правата на потрошувачите.

Поврзани вести

Бруто-произведената обновлива електрична енергија изнесува 44,2% од финалната потрошувачка на електрична енергија во 2019 година

Влатко Зорба

Голем интерес во Тетово за мерката 113 – млад земјоделец од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

Никола Поповски

Бесими: Човечкиот капитал е во директна корелација со економскиот раст

Влатко Зорба