СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Просечната плата во Белград над 700 евра во декември 2020 година

Просечната нето-плата во Белград за декември 2020 година изнесува 82.309 динари, што според просечниот курс за декември 2020 година на Народната банка на Србија од 117.5777 за 1 евро, е 700 евра.

Што, како што изјави заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, е првпат во поновата историја платата да ја надмине таа сума.

– Просечната плата во јануари 2020 година беше 627 евра, за февруари 2020 година 614 евра, за март 2020 година 634 евра, за април 2020 година 619 евра, за мај 2020 година 618 евра, за јуни 2020 година 628 евра, за јули 2020 година 627 евра, за август 2020 година 615 евра, за септември 2020 година 627 евра, за октомври 2020 година 631 евра, за ноември 2020 година 643 евра и во декември 2020 година 700 евра – изјави Весиќ.

Поврзани вести

Просечна цена на квадрат на црногорско приморје е 1.359 евра

Влатко Зорба

„Твитер“ размислува за воведување претплата

msp-admin

Без консултации мерките постојано непотребно се менуваат и креираат забуни

msp-admin