СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Жито Лукс инвестира во модернизација на производната линија

Жито Лукс реализира нова инвестиција во фабриката за производство на леб. Компанијата инсталираше нова, современа технолошка опрема за пакување на тост лебовите на парчиња. Целта е модернизација на процесот, но и унапредување на квалитетот и зголемување на безбедноста на производот. Потрошувачите ќе може да ја забележат промената деновиве. Примената на новата технолошка опрема, исто така, ќе го зголеми и капацитетот на производство во оваа растечка категорија.

“Со инвестициите што ги спроведуваме во последните неколку месеци, правиме големи чекори напред во обезбедување ефикасност и одржливост на нашата компанија. Со оваа нова инвестиција, ги надградуваме нашите стандарди во создавање модерен, попрактичен и безбедно спакуван тост леб на парчиња, со врвен квалитет, сѐ со цел да одговориме на барањата на потрошувачите, што е и наш приоритет. Овие инвестиции се реализираат во тешки и предизвикувачки времиња за целото општество и светската економија и јасно го прикажуваат духот на луѓето во нашата компанија, за што сме многу горди”, велат од менаџментот на Жито Лукс.

Ова е втора голема инвестиција во Жито Лукс што следи по неодамнешната модернизација на производството со целосна дигитализација и автоматизација на дистрибуцијата на брашно во фабриката за леб. Сите инвестиции кои ги спроведе Жито Лукс во последните години се во насока на растење и развивање на компанијата, а истите придонесоа за поголем квалитет, зголемување на производните капацитети и палетата производи со цел да се одговори на растечката потреба на пазарот и барањата на потрошувачите.

Поврзани вести

Goldman Sachs: Нафтата ќе се искачи на 70-75 долари

Влатко Зорба

Безос повторно е на врвот на светот: Му „бега“ на Маск за 6 милијарди долари

Влатко Зорба

Huawei ќе произведува 5G опрема во Европа

msp-admin