СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Оперативниот план за активни програми и мерки обезбедува нови работни места и вработливост на невработените

Одговарајќи на новинарско прашање за деталите за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и поспецифично за етничката застапеност на вработувањето и во приватниот сектор, портпаролот на Владата, Душко Арсовски соопшти дека овој план меѓу останатото се базира на принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории.

„Спроведувањето на овој Оперативен план за активни програми и мерки за вработување почива на неколку принципи, односно ќе се почитуваат неколку принципи меѓу кои и ова што го зборувавте, принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова религиозна, расна или која било друга ранлива категорија граѓани во согласност со стандардите и практиките на ОН и Меѓународната организација на трудот. Ништо надвор од тоа. Втор принцип е справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на трудот и вработеноста предизвикани од пандемијата и третиот исто така важен поттикнување рамномерен регионален развој согласно со податоците од бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони. Оперативниот план 2021 содржи мерки за лицата кои се долго време надвор од пазарот на трудот, точно е, се предвидува поддршка и за работодавачи но само доколку тоа значи обезбедување нови вработувања и раст на правните субјекти”, истакна Арсовски.

Поврзани вести

ССМ: Работодавачите од угостителскиот сектор да не ги манипулираат работниците

Влатко Зорба

Бектеши: Приоритети ќе бидат создавањето на нови работни места и подобар животен стандард за граѓаните

За прв пат усвоена Програма за водостопанство, издвоени 916,000,000.00 денари

Влатко Зорба