Инвеститорот милијардер Марк Кубан вели дека крипто-секторот радикално ќе го промени начинот на работење на бизнисите.
Во ново интервју, Кубан сподели пред Џејсон Калаканис од Angel Podcast, дека блокчејн технологијата и децентрализираното финансирање (DeFi) се на работ на револуција во многу индустрии.
„Титанот на претприемачите“ објаснува дека како што секторот DeFi расте и станува полесен за користење, деловните субјекти и луѓето ќе сфатат дека можат да пристапат до она што во суштина е рационален финансиски систем на кој му недостасуваат проблемите, вградени во традиционалното банкарство.
„Банкарство … ако имате 10.000 долари во банка и мора да позајмите 2.500 долари за да заминете на годишен одмор знаејќи дека ќе добиете бонус на крајот на годината. Можеби би можеле да ги ставите на вашата кредитна картичка, ќе ги платите вашите 19% … и ако сакате да добиете вистински заем од вашата банка, тоа е проблем, за мене добивањето заем од банката е мака … без оглед на тоа колку средства имам. Епа, одете во Compound, јас користам Aave и вие едноставно ги вложувате парите таму и ако сакам да позајмам 2.500 долари, ми требаат помалку од 15 секунди […] Тоа ќе го промени начинот на работа на сите компании“.
Кубан вели дека како што паметните платформи за договори стануваат посигурни и лесни за употреба, крипто-просторот достигнува клучна точка и идејата за децентрализирање на финансирањето во други области почнува да изгледа можна.
„За мене, откако луѓето сфатија што е блокчејн, особено Етереум, паметните договори почнаа да бидат со отворен код и разбирливи, а апликациите почнаа да се пишуваат за да можат корисниците да ги користат, што е чекор напред. Во тој момент, луѓето сфатија дека Биткоин не е валута. Тоа е залиха на вредност, Етереум навистина не е валута, иако може да купувате работи од блокчејн, но со паметни договори можете да ја децентрализирате моќта“.
Кубан продолжува да истакнува во своето предвидување дека со зголемувањето на популарноста на DeFi, ќе се зголемуваат незаменливите токени (NFT), опишувајќи ја иднината во која ќе бидат дигитализирани скоро сите физички средства што можат да се дигитализираат.
„Минатото лето навистина започнавте да гледате како децентрализираните финансии (DeFi) полетаа и тоа само ја смени целата игра и ги привлече луѓето да инвестираат пари во портфолија, измислувајќи паричници за кои знаете дека дозволуваат таканаречено yield farming и колекционерски производи. Сега имам паричник, имам пари во овој паричник, можам да одам на Rarible.com, можам да одам на OpenSea … можам да одам каде сакам и сите овие работи што ме интересираат, можам да ги соберам… Практично можете да заработите од сè што е дигитално. Точка по ова прашање“.