СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Хитроу“ ќе наметне дополнителни трошоци на патниците

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ ќе им наплати на патниците дополнителни 8,90 фунти (12,40 долари) во обид да ги покријат трошоците, бидејќи кризата со коронавирусите „го убива“ авионскиот сообраќај.

Тарифата е дозволена од британскиот регулатор за авијација според протокол кој му овозможува на воздушниот центар да ги покрие трошоците за комунални услуги, багаж и услуги за пријавување. „Хитроу“ остварува „нула добивка“ од ваквите активности, а надоместоците ги покриваат трошоците за работа и одржување, се вели во соопштението издадено во неделата.

Пандемијата особено го погоди „Хитроу“ бидејќи се потпира на пазари со долги релации кои целосно исчезнаа. Аеродромот минатата недела објави дека забележал загуба од две милијарди фунти за 2020 година откако паднал бројот на патници за 73%, што според нивните тврдења го оневозможува покривањето на трошоците за давање на некои услуги.

Нова давачка по патник или Надоместок за покривање на трошоците на аеродромот треба да се воведе до крајот на оваа година и да се договори со авиокомпаниите како префериран начин „Хитроу“ да ги надомести своите трошоци, според т.н. општо известување за 4-ти февруари во кое се детализира зголемувањето на цената.

„Хитроу“, кој е контролиран од повеќе компании, вклучително и шпанскиот градежник Ferrovial SA, Qatar Investment Authority, приватната фирма Alinda Capital Partners, како и China Investment Corp., исто така ќе наплати 4,44 фунти за секој багаж.

Таа сума е пониска од онаа објавена на 16 декември како резултат на некои трошоци поврзани со багажот вклучени во данокот на патници.

Поврзани вести

ИКТ компаниите прават голем исчекор напред со приклучување кон професионалните пензиски шеми

msp-admin

Google ги блокира сите политички реклами поради опасност од насилство во САД

Влатко Зорба

Mилениците се добрeдојдени во салонот на телекомуникацискиот оператор НЕОТЕЛ

msp-admin