СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Ангеловска: Во месец април е остварен поврат на ДДВ кон фирмите од 38 милиони евра, што е за 23% повеќе од минатата година

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, објави дека повратот на ДДВ кон фирмите од почетокот на годината изнесува 145 милиони евра и е за 16,7% повеќе од минатата година.

„Само во месец април остварен е поврат од 38 милиони евра што е за 23% повеќе споредено со април минатата година“, напиша министерката на својот Фејсбук профил.

Според неа, задржувањето на ликвидноста на стопанството е клучно во услови на оваа здравствената криза – за оперативното работење, за исплата на плати и задржување на работните места.

„Затоа се настојува повратот на ДДВ да се сервисира најбрзо можно што се огледа од резултатите:

Април 2020/Април 2019 ↗️ раст од 23,1%
Јан.-Апр.2020/Јан.-Апр.2019 ↗️ раст од 16,7%
Јан.Апр.2020/Јан.-Апр.2018 ↗️ раст од 19,4%“, вели Ангеловска.

Поврзани вести

Тајно ВИДЕО од состанок на Твитер: Наметнува ли Џек Дорси цензура?

Влатко Зорба

Airbnb излезе на берза – вреди двапати повеќе од Marriott

msp-admin

Земјоделските работници најпогодени според изгубените работни места

Влатко Зорба