СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Volvo сака да произведува само електрични автомобили од 2030 година

Volvo Cars си постави амбициозна цел да продава само електрични автомобили од 2030 година.

Во позадина на зголемениот интерес за ваквите модели, шведската марка, која има кинески сопственик, денеска претставува нова линија на електрични автомобили.

Компанијата вели дека ќе направи чекор пред своите конкуренти нудејќи ги своите електрични модели само преку Интернет, пишува „Блумберг“.

„Избравме да инвестираме во иднина – електрични модели и Интернет“, рече Хакан Самуелсон, извршен директор на компанијата.

„Целосно сме фокусирани да станеме лидер во брзорастечкиот сегмент на врвни електрични возила“, додаде тој.

До 2025 година, производителот сака половина од автомобилите што ги продаваат да бидат електрични, а другата половина да бидат хибридни.

Оваа одлука за Volvo доаѓа откако компанијата и Geely Automobile, која исто така е под покровителство на кинеската групација Zhejiang Geely, ги напуштија своите планови за подлабока соработка меѓу нив.

Поврзани вести

Македонците претпазливо трошат во услови на корона криза

msp-admin

Со кои акции најмногу се тргуваше неделава?

msp-admin

Хрватска: 19,25% од хотелите „Сонце“ продадени за скоро 27,9 милиони евра

Влатко Зорба