СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ракета на SpaceX слета во Тексас, а потоа експлодираше (ВИДЕО)

Прототип ракета на американската вселенска компанија SpaceX успешно слета по тест лет во американската сојузна држава Тексас, но леталото наскоро го зафати пожар и експлодираше, пренесува Би-Би-Си.

Од медиумот наведуваат дека прототипот на ракетата „SpaceX Starship SN 10“ успеал да слета, за разлика од претходните проекти SN 8 и SN 9, по успешното лансирање во Бока Чика во Тексас и летот на голема надморска височина.

Сепак по слетувањето, ракетата експлодира осум минути подоцна.

„Starship SN10“, како и SN8 и SN9 пред него, се прототипови на ракета развиена од приватната вселенска компанија на милијардерот Елон Маск, со цел да се овозможи превоз на луѓе и товар во идните мисии на Месечината и Марс.

Поврзани вести

Како изгледаше огласот за прво работно место во Amazon?

msp-admin

Ангеловска: За да одиме напред мора да ја забрзаме дигиталната трансформација и да ја зајакнеме конкуреноста

msp-admin

„Maserati Neptune“: Електричен суперавтомобил на иднината? (ФОТО/ВИДЕО)

Влатко Зорба