Како лидер на крипто-берзата „Кракен“, Џеси Пауел треба да биде силно настроен кон рас на биткоинот. Сепак, неговите предвидувања за криптовалутата се посмели од многумина, пишува „Блумберг“.
Во интервју за телевизијата, Пауел рече дека биткоинот може да достигне цена од еден милион долари во текот на следната деценија, додавајќи дека криптовалутата може да го замени поголемиот дел од фиат парите.
„Можеме само да шпекулираме, но кога ќе ја измерите вредноста на биткоинот во долари, треба да размислите далеу во бесконечноста“, рече Пауел.
Главниот извршен директор, исто така, рече дека „Кракен“, со седиште во Сан Франциско размислува да излезе на берза, најверојатно следната година.
Смелите предвидувања не се ништо ново во светот на биткоинот, каде што поборниците се обидуваат да профитираат од поширокото прифаќање на разбирањето, дека крипто-валутите се легитимна класа на средства, а не шпекулативна мода. Доларот останува светска резервна валута и е репер за глобалната трговија, иако неговата вредност ослабе во текот на изминатата година.
Пауел истакна дека биткоин биковите очекуваат криптовалутата еден ден да ја надмине вкупната пазарна капитализација на доларот, еврото и другите валути.
Доларот „има само 50 години и веќе покажува значителни знаци на слабост, и мислам дека луѓето ќе започнат да ја мерат вредноста на нештата во однос на биткоинот“, рече тој.
Дигиталната валута амортизираше за 3% на почетокот на тргувањето во четвртокот на американската берза, а нејзината цена е на ниво од околу 49 илјади долари. Биткоинот се зголеми за скоро 600% од почетокот на 2020 година, поддржан од неговото пошироко прифаќање, додека неговите приврзаници сметаат дека тоа е и средство за заштита од инфлација и шпекулативно средство.
Критичарите истакнуваат дека биткоинот е огромен балон со стимулации што веројатно ќе пукне, слично на ситуацијата во 2017 година.
„Кракен“ има корист од повисоките цени на биткоинот бидејќи берзата собира надоместоци од зголемените количини на тргување. „Блумберг“ минатиот месец објави дека Кракен е во разговори за нова рунда на финансирање што може да ја удвои својата капитализација до над 10 милијарди долари.
„Лично, мислам дека 10 милијарди долари се мала проценка“, рече Пауел. „Не би бил заинтересиран за продажба на акции по таа цена“, додаде тој.
Извршниот директор ја призна можноста за големи движења на цената на биткоинот, посочувајќи дека тој „може да се зголеми или намали за 50% во рок од еден ден“. Овој тип на нестабилност веќе долго време е една од негативностите на биткоинот.
„Ако не купувате биткоин за шпекулации, мора да ја поседувате криптовалутата пет години“, рече Пауел. „Треба да бидете многу решени да го задржите средството“, додаде тој.