СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Најлошата недела за Биткоин од март ја намалува вербата во крипто-бумот

Остриот пад на Биткоин оваа недела покренува нови прашања во врска со одржливоста на бумот на криптовалутите.

Цените на дигиталните средства се намалија за 14% оваа недела, што претставува најголем пад од март досега. Биткоинот беше стабилен денеска, се тргуваше на ниво над 32.000 долари, а аналитичарите предупредуваа дека континуираниот пад под 30.000 УСД може да навести дополнителни загуби, пренесе „Блумберг“.

Некои аналитичари тврдат дека Биткоинот станува меинстрим инвестиција со улога во заштита од ризици како слабост на доларот и побрза инфлација. За други, интересот за дигиталната валута е шпекулативна лудост, бидејќи вредноста на биткоинот се зголеми за повеќе од тројно во изминатата година.

Посочувањето кој е одговорен за релито на Биткоин е една од многуте крипто-загатки. Сепак, аналитичарите најчесто зборуваат за институционалниот интерес и стравот од пропуштање на добра можност.

На пример, Grayscale Investments објави вкупни приливи на капитал од над 3 милијарди долари од своите производи во четвртиот квартал. Оваа недела, BlackRock се втурна во крипто-универзумот, дозволувајќи им на два од неговите фондови да купуваат Биткоин фјучерси.

„Најновите коментари од новиот министер за финансии на САД, Џенет Јелон може да бидат една од причините за падот на Биткоинот оваа недела“, рече Џехан Чу, управен партнер во блокчеин консултантската фирма „Kenetic Capital“. На своето сослушување за потврда во Сенатот, Јелон ја одбележа својата загриженост за криптовалутите, поради честто финансирање тероризам и криминал.

Опишувајќи ги ваквите загрижености како „неосновани“, Чу рече дека во тек е „природна корекција“ и дека нема да ја „смени невидената асимилација на биткоинот во ДНК-то на Вол Стрит, што би резултирало со цена од 100.000 американски долари за крипто-валута оваа година“.

Некои стратези се поскептични. На пример, UBS Global Wealth Management неодамна предупреди дека нема што да го спречи колапсот на големите дигитални валути во услови на регулаторни закани и конкуренти издадени од централната банка.

„Во последните неколку дена, Биткоинот се тргуваше за околу 30% пониско од последните рекорди“, рече Фернандо Мартинез од крипто-брокерската куќа OSL. Следното клучно ниво е 27.750 долари. Ако Биткоинот падне до таа точка, неговата цена може да падне на 25.800, рече тој.

Поврзани вести

Регулативата е проблем: Тажно гледаат како губат пари

Влатко Зорба

Blockstream купи Bitcoin „копачи“ за 25 милиони долари

Влатко Зорба

Биткоин со нов рекорд – над 62.500 долари

Влатко Зорба