СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Google Finance додава дел „крипто“

Google Finance додаде крипто-цени во доменот finance.google.com.

Делот со наслов „крипто“ веќе се појавува во категоријата „Споредба на пазарите“ заедно со конвенционалните берзи и валутни пазари.

Делот обезбедува клучни информации за цените на различните криптовалути, вклучувајќи ги Биткоин, Етереум, Лајткоин и Биткоин Кеш.

Alphabet, холдингот во чиј состав е Google, исто така е сопственик на видео платформата YouTube – која постојано ги нервира корисниците на крипто-средства поради забрана на едукативни содржини и вести, честопати навидум случајно. Cointelegraph и CoinDesk, двете најголеми публикации во просторот за крипто-вести, беа предмет на суспензија, која потоа беше укината откако платформата за видео-стриминг потврди дека не ги крши условите за користење.

Пазарот на криптовалути го привлече вниманието на јавноста во текот на изминатата година, бидејќи институционалните инвеститори и корпорациите започнаа да инвестираат во класата на средства. Нивното учество помогна во лансирањето на капитализацијата на криптовалутите од над 1 трилион долари во јануари. Крипто-пазарната капитализација на крајот достигна над 1,7 трилиони долари во февруари пред да се прилагоди. Според сегашните вредности, класата на дигитални средства вреди повеќе од 1,4 трилиони долари.

Како прифаќањето на мало, така и институционалниот интерес растат рапидно во текот на изминатите три месеци. И бидејќи големите компании како Tesla и Mastercard активно прифаќаат крипто-валути, потребата за појасна регулатива расте, смета експертот Хестер Пирс.

Повиците за појасно упатство за дигиталните средства веројатно ќе станат посилни со зголемување на пазарот. Во меѓувреме, вели Пирс, новата администрација на Бајден може да даде нов поглед на регулаторниот аспект.

Поврзани вести

Visa ќе прифаќа плаќања со криптовалутата USD Coin

Влатко Зорба

Како растеше вредноста на Bitcoin во последните 10 години (инфографик)

Влатко Зорба

Биткоинот поскап од килограм злато

Влатко Зорба