СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоинот го „турка“ јуанот во дигиталниот свет

Неодамнешниот рекорден раст на вредноста на биткоинот би можел да биде една од причините за обновување на интересот за проектот „дигитализација“ на јуанот, според Националната банка на Кина. Влијанието е забележливо и покрај фактот дека најпознатата криптовалута во светот е забранета во Кина.

Ванг Син, директор на одделот за истражување на Националната банка на Кина, за новинарите изјави дека интересот на пазарот за дигиталниот јуан е „многу силен и сите внимателно ја следат ситуацијата“, пренесe „РТ“.

Интересот за дигиталниот јуан се чини дека расте, заедно со зголемувањето на вредностите на биткоинот.

„Од една страна, ова (интерес за дигиталниот јуан) е поврзано со сè повеќе централни банки во светот кои учествуваат во развојот на домашните дигитални валути. Од друга страна, интересот може да биде поврзан и со големо зголемување на цената на биткоинот“, истакна Ванг, пренесува CNBC.

Започнувајќи студии за сопствената дигитална валута во 2014 година, Пекинг започна да ја потиснува употребата на сите криптовалути, вклучувајќи го и биткоинот. Тргувањето со криптовалути е стопирано на околу 100 берзи во земјата од 2017 година, во согласност со прописите за измама и перење пари.

Националната банка на Кина планира да ја подготви националната дигитална валута за Зимските олимписки игри во 2022 година.

Како што е наведено, новата валута, која нема официјално име, но е позната по кратенката DCEP (Digital Currency Electronic Payment, во превод дигитална валута за електронско плаќање), ќе има некои карактеристики на криптовалутите.

Дигиталниот јуан треба да ја замени готовината во оптек. Тој ќе биде поврзан со бројот на паметниот телефони на сопственикот, каде што трансакциите ќе се одвиваат преку апликацијата. Корисниците ќе можат да префрлаат пари помеѓу сметките со допирање на екранот на телефонот.

Таквата валута ќе биде законско средство за плаќање и може да се користи без учество на банката како посредник.

Програмите за тестирање на дигитална кинеска валута се во тек во поголемите градови низ целата земја. За време на периодот околу кинеската Нова година во февруари, властите поделија повеќе од 40 милиони јуани (6,2 милиони долари) во дигитална валута како дел од лотаријата.

Според Ванг, тестирањето станува сè поинтензивно и пообемно.

Минатата година, таа беше петта најчеста валута за глобални плаќања. Сепак, трендовите се во прилог на кинеската валута и се движат кон тоа јуанот да стане водечка меѓународна валута.

Поврзани вести

Coinbase на суд поради XRP на „Ripple“

Влатко Зорба

„Revolut“ додаде единаесет криптовалути во понудата

Влатко Зорба

Bittrex ги отстранува Monero, Dash и ZCash

Влатко Зорба