СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

НОВ ШОК НА ПАЗАРОТ НА БИТКОИН: Криптовалутата од утрово во голем „минус“

Биткоинот денес е во значителен пад, па така околу 11 часот цената на најпопуларната криптовалута беше околу 47.100 долари. Вредноста на дигиталната паричка е во постојан „минус“ од полноќ, по македонско време, кога цената достигна скоро 49.000 долари.

Така, во последните 24 часа, биткоинот ослабе за повеќе од 6 проценти.

Во текот на изминатата недела, биткоинот претрпе одредена корекција, а со тоа и скоро сите други криптовалути.

Откако на 21 февруари достигна рекордна вредност од 58.000 долари, што е двојно повеќе од влегувањето во 2021 година, неговата цена падна на 44.000 или 25 проценти помалку од рекордот минатиот петок.

Поврзани вести

Извештај на „Дојче банка“: Невозможно е да се игнорира биткоинот

Влатко Зорба

RippleNet бележи рекорден обем на трансакции во 2020 година

Влатко Зорба

Goldman Sachs влегува во пространството на криптовалутите

Влатко Зорба