СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најбогат и понатаму Безос, Маск падна на трето место

Основачот на компанијата „Тесла“ и „СпејсИкс“, Елон Маск падна на третото место на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе.

На прво место се уште е Џеф Безос, основачот на „Амазон“, со богатство вредно 175 милијарди долари, а Маск на второто место е сменет од Бернард Арно, директорот на компанијата за луксузни производи „ЛВМХ“, чие богатство се проценува на 154 милијарди долари.

Маск во средата изгуби повеќе од шест милијарди долари, а сега нето-вредноста на неговиот имот се проценува на 150 милијарди долари.

На четвртото место на листата на „Форбс“ е основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, со 122 милијарди долари.

Поврзани вести

250 црногорски работници аплицираа за вакцинација во Белград

Влатко Зорба

На биткоинот може да му бидат потребни месеци за да се опорави (инфографик)

msp-admin

Закрепнувањето на пазарот на трудот во Велика Британија извесен за сите, освен за младите

Влатко Зорба