СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Nintendo подготвува „контранапад“: PlayStation и Xbox добиваат конкуренција

За новиот модел на конзолата Nintendo Switch се зборува веќе подолго време, иако сè уште нема официјални соопштенија. Сепак, денес имаме малку подетален увид во плановите на јапонската компанија.

Според „Блумберг“, презентацијата на новиот модел на Switch ќе биде оваа година и ќе ни донесе поголем екран, со дијагонала од 7 инчи, резолуција од 720p и OLED технологија.

За потребите на новиот екран, Nintendo влезе во соработка со Samsung, кој ќе работи на масовно производство почнувајќи од јуни оваа година. Планот е да се произведат милион екрани во текот на јуни, што ќе завршат на лентите за составување на конзолата во јули.

Судејќи според тоа, Nintendo планира да го претстави новиот модел на конзолата Switch со OLED екран на крајот на годината, непосредно пред сезоната на празници, кога продажбата на хардвер е во подем,.

Во овој случај, не е наведено дали новиот модел ќе има посилен хардвер, како што споменавме порано, а со тоа и поддршка за 4K дисплеј на соодветните екрани.

Nintendo Switch беше најпродаваната конзола во неколку наврати минатата година, а големи се шансите тоа да биде и оваа година, откако Xbox и Playstation продолжуваат да се борат со недостиг на залихи.

Поврзани вести

Граѓаните имаат доверба во финансискиот систем и во услови на криза

msp-admin

Apple плаќа 113 милиони за аферата за забавување на iPhone

msp-admin

Заработката на големите нафтени компании оди на отплата на долгови

Влатко Зорба