СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

На првиот ден од полицискиот час, ДПИ изврши 724 контроли и надзори, затворен еден угостителски објект

Со стапувањето на сила на новата одлука за забрана за движење населението и возила од јавен превоз од 22.00 часот до 05.00 часот наредниот ден, заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, како координатор на инспекциски служби, ги задолжи инспекторатите за засилени контроли и надзори на терен, во периодот што следи.

Во текот на вчерашниот ден Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во повеќе градови извршени се вкупно 41 надзор и 683 контроли во угостителски објекти. Контролите и надзорите се извршени согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и Здравствените КОВИД протоколи.

При тоа, во Тетово на лице место е затворен еден угостителски објект, поради прекршување на протокол, односно организирање на роденска забава. Обејктот е затворен 30 дена и ќе се поведе прекршочна постапка согласно Законот за заштита на наслението од заразни болести. Поединечно по градови, најмногу контроли и надзори се извршени во Скопје вкупно 126 , во Битола, Гостивар, Тетово, Охрид, Струмица и во останатите градови во државата.

Од почетокот на пандемијата, инспекциските служби спроведуваат интензивни контроли и надзори на терен во делот на почитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и здравствените протоколи, секој во рамки на своите надлежности.

Поврзани вести

МИСТ ЕНЕРЏИ го доби тендерот вреден 500.000 евра за набавка на струја за Собранието

Влатко Зорба

СОБ против кратење на платите во МО, ЦУК и ДЗС

Stefanija Kuzmanovska

Совети на американскиот милијардер Ворен Бафет: Правете што сакате и со луѓе што ви се допаѓаат

Александар Петровски