20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар

Рокот за електронско поднесување на годишна сметка до Централниот регистар се продолжува заклучно со 25.03.2021 година до полноќ.

По барањата пристигнати до Владата на Република Северна Македонија и до Централниот регистар за одложување на рокот за доставување на годишна сметка, Централниот регистар излегува пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка.

Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи врз основа на состојбата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19, а со цел запазување на законските рокови.

Согласно податоците од Централниот регистар заклучно со вчерашниот ден 11.03.2021 година над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка. Централен регистар како сервисно ориентирана институција е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

Поврзани вести

Кузеска: 470 милиони евра се обезбедуваат за поддршка на граѓаните и стопанството

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги презентира новооснованите компании од Ин Група

Богатството на Илон Маск надмина 100 милијарди долари