СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Најпопуларната дигитална паричка повторно паѓа

Биткоин се консолидираше под 60.000 долари утрово, откако забележа рекордно ниво за викендот – вредеше над оваа бројка. Во саботата, на 13 март, точната вредност на најпознатата криптовалута беше 61.781 долари.

Тоа е раст од 5,77 проценти, а биткоинот зајакна за 80% само во 2021 година, и дури 570 проценти во последните 12 месеци. Главната причина? Коронавирусот, разнишана економија и бурни пазари на валути.

Новото зајакнување на алтернативната валута беше придонесено од подобрување на апетитот на ризичните инвеститори на финансиските пазари, откако претседателот на САД, Џо Бајден, го потпиша законот за фискални стимулации од 1,9 трилиони долари и нареди забрзување на вакцинацијата.

Во текот на претходниот викенд, инвеститорите се фокусираа на инфлацијата и американскиот стимулативен пакет, кој требаше уште повеќе да ја турка вредноста на дигиталната паричка, сепак, таа падна

Биткоинот сега вреди нешто повеќе од 56.000 УСД.

Поврзани вести

PayPal со сериозни крипто амбиции

Влатко Зорба

Биткоин надмина 60.000 долари: Кој е најзаслужен за добриот почеток на месецот?

Влатко Зорба

Grayscale купуваат над 5.000 Bitcoin за помалку од 24 часа

Влатко Зорба