По претходното ажурирање на Windows 10, некои корисници имаа проблеми со падови на системот и „синиот екран на смртта“ кога се обидоа да отпечатат нешто со помош на печатач. Проблемот беше ограничен на одредени печатачи и апликации, но сега е надминат преку ново ажурирање, објавија од Microsoft.
Корисниците на Windows 10 верзијата 20H2, 2004, 1909 и 1803/1809 имаа проблеми при уривање откако го користеа печатачот, а ново ажурирање со „build“ ознаката 18363.1441 го реши проблемот.
Компанијата не посочи кои печатачи и апликации биле засегнати од овој проблем. Microsoft, исто така, препорачува корисниците да ја инсталираат најновата SSU (servicing stack update) пред да го инсталираат новото ажурирање.
Ова може да се направи со одење во Settings > Update & Security > Windows Update. Во делот Optional updates, постои опција за преземање и инсталирање ажурирања што го решаваат проблемот што го имаат некои печатачи.