СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

За само еден час Биткоин изгуби 5% од својата вредност

По утринскиот скок на берзата на криптовалути, кога биткоинот вредеше дури 58.500 долари, вредноста на најпопуларната криптовалута падна за само еден час за повеќе од 3.000 долари.

Така, цената на биткоинот во 15 часот беше 54.950 долари, што е пад од 5 проценти за нешто повеќе од 60 минути.

Во моментов, со најпознатата криптовалута се тргува по цена од 57.482 долари, според „КоинМаркетКап“.

Да потсетиме, „МорганСтенли“ вчера стана првата голема банка во САД која на своите богати клиенти им понуди пристап до биткоин фондовите. Инвестициската банка, која управува со четири милијарди долари од средствата на своите клиенти, во средата во внатрешен документ им соопшти на своите финансиски советници дека ќе воведе пристап до три фондови што овозможуваат сопственост на биткоин, велат луѓето запознаени со ситуацијата.

На овој потег, значаен чекор во прифаќањето на биткоинот како вид на средство, се решија од „Морган Стенли“ откако клиентите побараа пристап до таа криптовалута.

Поврзани вести

Шефот на „Кракен“: Биткоин може да достигне цена од милион долари и повеќе

Влатко Зорба

Маск со Твит повторно ја крена цената на Dogecoin

Влатко Зорба

Биткоин „рударството“ ќе стане уште потешко

Влатко Зорба